August 22, 2019 00:51
Свет

Новата премиерка на Молдавија вети дека ќе се бори против корупцијата

Новата премиерка на Молдавија, Маја Санду, вети дека ќе се бори против корупцијата во земјата и рече дека ќе работи кон тоа земјата да ги затопли своите односи со Европската Унија.

Санду конечно ја презеде функцијата откако Демократската партија одби да ја предаде власта и да ја признае нејзината нова коалициска влада како легитимна.

Кризата ја потресе земјата, додека двете ривалски партии се бореа за контрола, пишува „Еуроњуз“.

Премиерот Павел Филип се повлече од функцијата минатиот петок, но веднаш побара предвремени избори, нарекувајќи ја владата на Санду нелегална. Оттогаш, лидерите на Демократската партија, наводно, ја напуштиле Молдавија. Но, Санду рече дека тие ќе се соочат со правдата. Веднаш по преземањето на функцијата, за време на телевизиски брифинг, Санду изјави: „Имам порака за целиот свет. Молдавија конечно е слободна“. Таа додаде дека нејзината влада ќе се бори против корупцијата, ќе ги избрка нечесните функционери, ќе го направи изборниот систем поправеден и ќе донесе странска помош во земјата.

За да формира владејачка коалиција, Санду мораше да ги здружи силите со Социјалистичката партија на претседателот Игор Додон.

Но, Социјалистичката партија сака поблиски врски со Русија, додека Санду објави дека нејзината влада ќе работи кон затоплување на односите со ЕУ.

„Ова не е природен сојуз. Нема сомнение за тоа, и веројатно пред половина година никој не би рекол дека тоа може да се случи“, рече новата премиерка.

Нови вести

Во Авганистан убиени двајца американски војници

Filip

Во авион на шпански Евелоп повредени 14 лица поради турбуленции

Filip

Макрон: Да се реши украинската криза пред приемот на Русија во Г-7

Filip