Свет

Новата Влада во Словачка доби доверба, Едуард Хегер – премиер

Купувањето на руската вакцина Спутник В предизвика политичка криза во Словачка, поради што денеска се гласаше за доверба на новата влада, а пратениците му изразија доверба на премиерот Едуард Хегер со 89 гласа „за” и 55 „против”.

Претседателката Зузана Цапутова формираше нов кабинет на 1 април кога владата предводена од Игор Матович поднесе оставка, по критиките за начинот на кој ја водеше земјата за време на пандемијата.

Матович склучи договор за купување на два милиони дози на Спутник, иако неговите коалициски партнери не се согласија со идејата.

Новата влада повторно е составена од четирите досегашни колициски партнери и со гласање доверба на нова влада ја избегна можноста за предвремени избори.

Две партии, Партијата на солидарност и Партијата за народот, побараа оставка од премиерот за да опстои коалицијата.

AnimeHeaven animeheaveneu: Suppose a Kid from the Last Dungeon Boonies moved to a starter town? Episode 12

4Anime 4anime hunter hunter: Watch Rascal Does Not Dream of Bunny Girl Senpai Episode 4