August 19, 2022 14:12
Македонија

НовАсном: Погрешни анти инфлаторни владини мерки

Економскиот тим на детално ги анализира анти-инфлаторните мерки на владата донесени на 52 седница со кои се лимитира маржата на трговците на мало и големо како и новиот начин на пресметка на оперативните трошоци на трговците на мало.

Проблемот на инфалијата во Македонија е тоа што истата е увезена како резултат на глобалните економски и геополитички токови. Инфлацијата ни е увезена заради огромното штампање на пари од страна на нашите стратешки партнери, Федералните Резерви, Европската Централна Банка, Канадската централна Банка и други, логистичките предизвици со производство и транспорт на роба, воведувањето на економски санкции кон Русија како и неможноста на Украина да ги пласира своите житни производи, ѓубрива и други производи на светскиот пазар.

Честитики до нашата влада што се обидува да го реши овој глобален инфлациски проблем со локални решенија, но истите нема да имаат влијание врз намалувањето на инфлацијата туку во најдобра рака ќе го продлабочи јазот помеѓу трговците кои плаќаат и не плаќат данок. Овие мерки се гасење на шумски пожар со детско лаживче. Владините анти инфлаторни мерки се само потврда дека се исплати да имаш малопродажен бизнис кој работи на диво зошто мерките не го лимитираат нивното работење и не го намалуваат нивниот профит за разлика од големо и малопродажните бизниси кои издаваат фискални смети, работат регуларно во склопот на законот и кои ги засега овие мерки.

Причинителите на сегашната инфлацијата не се во доменот на можните владини мерки зошто истата инфлација е увезена однадвор, т.е. зголемувањето на цените на продуктите е одредено надвор од границите на нашата земја и во овој котнекст владините мерки нема да бидат ефикасни.

НовАсном сугерира владата да се фокусира на мерки кои ќе овозможат поширока и еднаква конкуренција кај трговците на мало и големо, која конкуренција ќе доведе до намалување на малопродажните цени.

Ова подразбира фискализација на сите диви и нелегални малопродажни објекти и бизниси како и зголемена контрола на постоечките малопродажни и големопродажни бизниси кои можеби работат полулегално и издаваат фискални сметки само во одредено време. Развивањето на економија каде што секој бизнис ќе работи под еднакви услови и еднакво ќе биде третиран е круцијално за здрава конкуренција која секогаш ќе пордуцира најниски цени како резултат на здравата конкруенција на пазарот.