August 24, 2019 20:20
Свет

Нобеловка му зборуваше на Трамп за мртвите родители, а тој ја праша „Каде се тие сега?“

Американскиот претседател, Доналд Трамп, предизвика бурни реакции на социјалните мрежи поради неговите прашања за време на разговорот со добитничката на Нобеловата награда за мир, активистката Надја Мурад од Ирак.

Додека Надја Мурад зборуваше за мртвите родители, Трамп ја праша: „Каде се тие сега?“

Мурад му рече на американскиот претседател дека Исламска држава (ИД) ги убила нејзината мајка и шестмина браќа.

Трамп по тоа ја праша: „А каде се тие сега?“, на што Мурад одговори: „Ги убија. Тие се закопани во масовна гробница“.

Снимката од нивниот краток разговор многу брзо се прошири на интернет.

Надја Мурад го преживеала сексуалното ропство на ИД.

Исламските екстремисти ја измачувале и силувале, а откако успеала да побегне од заробеништво, таа стана лик на кампања за ослободување.

Мурад во своето обраќање пред Трамп изјави дека, и покрај тоа што ИД заминала од Ирак, курдските и ирачките власти сè уште се борат за контрола над областа каде што таа живеела и го повика да интервенира, пренесува хрватски „Индекс“.

Но, тоа не беше сè. Трамп побара од добитничката на Нобеловата награда да објасни зошто точно го добила ова признание.

„Бидејќи по сето она што ми се случи, не се откажав. Се борев за светот да дознае дека ИД силуваа илјадници жени. Тоа беше прв пат една жена од Ирак да излезе и јавно да зборува за она што се случи“, објаснила таа.

Нови вести

Водени топови за демонстрантите против средбата на Г7

Igor

НАСА истражува први обвинувања за криминал во вселената

Igor

Штрајк во „Бритиш ервејз” ќе предизвика пет денови откажување на летови

Igor