December 9, 2022 00:50
Свет

Нобеловата награда за литература ja доби французинката Ани Ерно

Французинката Ани Ерно е добитничка на Нобеловата награда за литература, соопшти Шведската кралска академија.

Наградата и припадна, како што објавија, „за храброста и клиничката прецизност со која ги разоткрива корените, отуѓувањата и колективните ограничувања на личната меморија“.

Минатата година Нобеловата награда за литература му припадна на писателот од Танзанија Абдулразак Гурна, објави Шведската академија.

Нобеловата награда за литература се доделува од 1901 година на оние кои според Алфред Нобел го создале најдоброто дело во идеална насока во областа на литературата.

Победникот добива медал, диплома и паричен износ од еден милион круни.