November 21, 2019 00:13
Економија

НЛБ Банка избрана за најдобра банка во Северна Македонија според „Euromoney“

На 10 јули 2019 година, на свеченото доделување на Euromoney наградите во Лондон. НЛБ Банка АД Скопје е прогласена за најдобра банка во Р. Северна Македонија.

 

На годинешното јубилејно 50. свечено доделување на наградите на реномираниот британски магазин „Euromoney“ беа доделени награди на најдобрите банки и финансиски институции од  целиот свет. НЛБ Бaнка АД Скопје е добитник на наградата за најдобра банка во Р. Северна Македонија, што претставува уште една  потврда за нејзиното успешно работење и  остварените позитивни резултати.

 

Доделувањето на Еuromoney наградите се базира на различни критериуми, при што покрај остварените деловни резултати, се земаат предвид пазарната позиција, иновативноста, новите услуги, системот на управување и професионалноста на вработените. Процесот на избор трае повеќе од два месецa со учество на новинари и кореспонденти на Euromoney магазинот кои го имаат завршниот збор при изборот на добитниците на наградите.

 

НЛБ Банка и понатаму ќе продолжи да ги следи светските технолошки трендови и како современа и иновативна банка да биде посветена на дигитализацијата и унапредување на банкарските процеси. Паралелно со постојаното надградување на дигиталните сервиси, континуирано ќе ја осовременува и проширува мрежата на експозитури, сè со цел поголема достапност за клиентите, поедноставување на работењето и подобрување на услугите кои ги нуди.

 

Покрај наградата за НЛБ Банка АД Скопје, оваа година НЛБ Групацијата е добитник на уште три награди: награда на НЛБ д.д. Љубљана за најдобра банка во Словенија, награда за најдобра трансформација во регионот на Југоисточна Европа и награда за НЛБ Банка Подгорица за најдобра банка во Црна Гора. НЛБ Групацијата е единствена универзална финансиска институција фокусирана исклучиво на регионот на Југоисточна Европа и нуди сеопфатна понуда на финансиски продукти и услуги.

 

 

Повеќе за Euromoney

Веќе 50 години „Еуромани“ е водечки магазин кој го покрива растот на меѓународните финансии. За само една година овој магазин има реализирано интервјуа со 100 извршни директори на банките, министри за финансии и гувернери на Централните банки од целиот свет.

Доделувањето на наградите на Euromoney датира од 1992 година се и се одржува секоја година. Оваа година имаше пријавено речиси 1000 финансиски институции  кои влегуваат во трката 170 награди. Наградите на Euromoney се награди кои се од исклучително значење за банките и воопшто банкарскиот сектор..

 

Нови вести

Димковски: Квалитетот на тутунот е добар, очекуваме непречен  откуп и висока просечна откупна цена на тутунот

Valentina

Бизнис акцелераторот УКИМ домаќин на лабораторијата за иновации на Дојче телеком од Германија

Valentina

Ангеловска-Бежоска: Потребна е натамошна консолидација на банкарските системи во регионот на Западен Балкан

Valentina