Македонија

Ни Свети Филипче нема да ја натера МПЦ да причестува со чисто лажиче

Луѓето што се неверници и што се против Бога да не се мешаат во црковните работи, бидејќи Црквата не се меша во работата на државата, рече за Плусинфо митрополитот преспанско-пелагониски г. Петар, коментирајќи ја изјавата на министерот за здравство Венко Филипче дека го осудува причестувањето од една иста лажичка.

– Луѓето што не се во Црквата да не се мешаат во црковните работи, бидејќи нашите верници никогаш не се причестувале од повеќе лажички, па нема ни сега. Луѓето што се неверници и што се против Бога, тие нека си кажуваат што сакаат во јавноста, ама нека не се мешаат во Црквата како што ние не им се мешаме во државата. Ние сме самостојна црква и сами ги носиме одлуките. Преку причестувањето, верниците ги примаат телото и крвта Христова, а тука не може да се експериментира. Ако заразата се ширеше преку причестувањето, тогаш сите свештеници, ѓакони и владици ќе беа мртви, оти ние се причестуваме по секоја литургија, секоја недела. Уште еднаш ќе повторам, луѓето кои се надвор од црквата да не се мешаат во црковните работи – рече владиката Петар.

Руската православна црква (РПЦ), на пример, уште на почетокот на пандемијата со ковид-19 воведе правило лажичката со којашто се врши причестувањето да се дезинфицира во алкохол по секое причестување. Како што објавија тогаш руските медиуми, актуелното раководство на РПЦ признало дека не го воведува ваквото правило на своја рака, туку дека само ја спроведува истата мерка што била запишана во книгите од времето кога во оваа земја владеела друга заразна болест.

Мерки за заштита спроведува и Српската православна црква (СПЦ), а таму владее правилото свештениците да ја истураат причеста директно во усната шуплина на верниците, без да ја допираат устата на луѓето.

На прашањето како ги коментира мерките што ги спроведуваат РПЦ и СПЦ, владиката Петар кратко одговори дека воопшто не го интересира што прават другите цркви, бидејќи, како што рече, МПЦ-ОА е самостојна црква која сама ги носи одлуките.

Извор: Плус Инфо

Поврзани вести

Груевски за „Плацевите на Водно“: Криминалецот Заев праќа пораки до некои од жртвите дека ќе им пружи милост ако лажно сведочат против мене

Igor

Регистрирани 150 нови случаи на Ковид-19, починаа 16 лица

Igor

Преку фантом фирми од Македонија вршени компјутерски измами тешки 30 милиони евра

Igor

KissAnime kissanim3: Dr. Stone (https://kissanimeonline.com/m/8qKz) Episode 24

AnimeTV wco anime tv: Attack on Titan Season 3 Part 2 (Dub) (https://animetv.cc/m/9ko4) Episode 10