June 25, 2022 23:14
Спорт

Ништо од трансферот во Барса, Хајнер му одговори на Левандовски: Дојде беспари, беспари ќе си заминеш

Спортскиот директор на Баерн Минхн, Хасан Салихамиџиќ вчера кажа дека полскиот напаѓач Роберт Левандовски сака да замине, а тоа го потврди подоцна и самиот фудбалер. Полјакот по мечот со Волфсбур готворено призна дека сака да направи трансфсер од Баерн Минхен, па сега останува клубот да му ја исполни желбата и да пронајде договор кој ќе ги задоволи двете страни.

Барселона е подготвена за договор и наводно веќе има подготвено тригодишен договор со Полјакот и се чека на одлука на Баерн.

Денеска се огласи претседателот на Баерн Минхен Херберт Хајнер и конечно го прекина молкот.

-Роберт има договор до 2023 и до тогаш ќе биде дел од клубот. Кога потпишувате договор, и сум потпишал многу договори во кариерата, двете страни се свесни што пишува во нив, па не може да велите дека „со сила“ го терате на нешто. Колку што сум запознаен, Оливер Кан и Хасан Салихамиџиќ му доставија понуда за продолжување на соработката но тој не ја прифати. Рече дека треба да се изнајде решене за двете страни, и Баерн е една од тие две страни. Негово право е да не сака да стави потпис на нов договор, но треба да го одработи актуелниот. Дојде беспари, па може и да си замине беспари, рече Хајнер.

https://tai.go88.is/

sunwin energy srl