December 5, 2019 23:36
Спорт

Ништо од Баерн, Арсен Венгер се вработи во ФИФА

Францускиот тренер Арсен Венгер, за кого се шпекулираше дека ќе седне на клупата на Баерн Минхен, си најде работа во седиштето на Светската фудбалска асоцијација ФИФА.

Венгер е ангажира од ФИФА како шеф на секторот за развој на фудбалот. Венгер, кој има 70 години, 22 години го водеше Арсенал, а сега задача ќе му биде да придонесе за глобален развој на машкиот и женскиот фудбал, од технички аспект на овој спорт и едукација на тренерите.

Со самата функција, на Венгер му следува и место во техничкиот панел на Бордот на интернационалната фудбалска асоцијација, како прв човек на оваа техничка група во ФИФА. 

Нови вести

Евертон за десет години потроши 700 милиони, а се бори за опстанок

Filip

Македонските одбојкари ќе играат во Златната европска лига

Filip

Формула 1 го враќа црно-белото знаме како сигнал за крај на трките

Filip