-Вакцинирањето не е пиење Ц витамин, да се одвива скришум и само за одбрано друштво. Со министерството за здравство сега раководи д-р Венко Филипче, во негов мандат не постои илегална вакцинација, не постои шверц на вакцини и лекови, тоа можеби портпаролот дојденец од Демократска Алтернатива мисли на владеењето на ДПМНЕ.
Од почетокот на пандемијата ВМРО-ДПМНЕ освен политичко профитерство на сметка на здравјето на граѓаните, не направиле ништо друго. Да ги прашате зошто не влегуваат во Собрание да се изгласа Законот за лекови нема да знаат што да ви одговорат.
Владата предводена од СДСМ, министерот за здравство д-р Венко Филипче успешно ја менаџираат оваа здравствена криза така велат од СЗО, УНИЦЕФ, амбасадори на странски земји во државата.
СДСМ нема да се спушти на нивото на фејкњуз ВМРО-ДПМНЕ, нема да праша дали можеби Христијан Мицкоски и Александар Николоски се вакцинирале против корона додека беа на пат во неколку европски земји.