December 5, 2021 11:24
Балкан

Нинова: Додека јас преговарам за влада С. Македонија нема да влезе во ЕУ !?

„Додека јас преговарам за влада, Северна Македонија нема да влезе во Европската унија ако ја избрише историјата на Бугарија“, изјави Корнелија Нинова лидерот во оставка од бугарската Социјалистичка партија во интервју за Бугарската слободна телевизија.

Нинова вели дека имаат волја да формираат влада и да обезбедат мнозинство кое уште во првите денови ќе го усвои буџетот и ќе ги придвижи сите мерки за помош на луѓето и бизнисите, но има и луѓе кои сакаат преговарачкиот тим да ги исполни нивните барања. Си дала оставка, оти по тешкиот изборен пораз морала да преземе одговорност – морална и политичка.

Бугарската социјалистичка партија освои 26 пратеници на парламентарните избори, трети по ред годинава. Во Собранието на Бугарија има 240 пратеници, а партијата „Продолжуваме понатаму“ има 67 пратеници. Досега „Продолжуваме понатаму“ преговараше со Бугарските социјалисти, со „Демократска Бугарија“ која има 16 пратеници и со партијата на ТВ водителот Слави Трифонов „Има таков народ“ која има има 25 пратеници. Сите заедно би имале мнозинство од 134 пратеници во Собранието, што значи дека без поддршка од социјалистите не би имало влада.
Нинова вели дека води битка со внатрешната опозиција во партијата. Лидерката во оставка на социјалистите откри дека веќе имала две средби со Кирил Петков од партијата „Промените продолжуваат, која победи на изборите.

Иако македонските власти се оптимисти дека во декември, евентуално јануари Македонија може да ја одржи првата меѓувладина конференција со ЕУ, од бугарска страна велат дека нема наскоро да кажат „да“ за влез на Северна Македонија во ЕУ.