July 21, 2019 03:06
Македонија

Нимиц по изгласувањето на уставните измени: Овој историски договор ја отвора вратата за нов однос

Специјалниот пратеник на генералниот секретар на Обединетите нации и посредник во преговорите за името меѓу Македонија и Грција, Метју Нимиц, преку соопштение го поздрави изгласувањето на уставните измени, во согласност со Договорот од Преспа, објави грчки „Катимерини“.
„Ги поздравувам финалните чекори кои ги презеде Парламентот на поранешната југословенска Република Македонија во насока за имплементација на Договорот од Преспа. Сакам да му честитам на Парламентот и на граѓаните за ова достигнување и за демократскиот начин на кој е изведен овој важен процес. Овој историски договор меѓу двата соседи ја отвора вратата за нов однос меѓу нив и за поцврста основа за мир и безбедност на Балканот. Очекувам целосно комплетирање на процесот како што е предвидено во договорот. Како и во минатото, ОН остануваат посветени на работењето со двете страни за конечно решавање на разликите меѓу нив“, се вели во пораката на Метју Нимиц.

Нови вести

Катица го изгубила вториот мобилен во Белград

Igor

Од 30 минути до еден час се чека на ГП Богородица

Daniela

Героски со порака до Фрики и Кики: Еве што треба да сторите во следните 48 часа!

Daniela