December 7, 2021 04:48
Македонија

Николоски: Професорот Георгиев даде оставка со што предупреди на притисокот, ги повикуваме останатите членови да не работат на штета на македонскиот народ

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, одговарајќи на новинарско прашање поврзано со оставката на членот на историската комисија со Бугарија и оркестрираниот напад од власта врз него, рече:

Идејата на историската комисија е историчарите да разговараат за историските прашања а не политичарите. Ние долг временски период предупредуваме дека Зоран Заев сака да разговара за историјата а не историчарите, имаше обиди и Стево Пендаровски да го прави истото кога го прогласуваше Гоце Делчев за Бугарин, така што гледаме дека јасен притисок врз Комисијата. Професорот се одважи да даде оставка и на тој начин да предупреди што се случува, ги гледаме механизмите на власта коишто одат со притисок, но тоа е власт во заминување.
Ги повикуваме останатите членови на Комисијата да се достоинствени и да не работат на штета на македонскиот народ, а исто така, да кажам директно дека за службениците во Министерството за надворешни работи и министерот за надворешни работи затоа што не можат да работат без него, кои што вршат притисок врз Комисијата – ќе има одговорност веднаш после промената на власт, истакна тој.

Николоски ги прокоментира и односите помеѓу Македонија и Бугарија и рече дека помеѓу двата народи се добри, а тоа што го прават политичките елити е сосема друго и дека се лажат сами себе, односно Заев го лаже Радев, Радев го лаже Заев и тоа се прашања на карактери.