August 8, 2022 19:05
Македонија

Николоски до Османи: Вистината боли ама мора да се кажува, одговорност и оставки веднаш затоа што ја пониживте Македонија

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски му одговори на министерот за внатрешни работи Бујар Османи, кој го обвини дека шири анти албанска хистерија и со своите тези сакаат да создадат етнички јаз по стратешките прашања во обид да се ослабне позицијата на државата и така да се обезбеди политичка предност за опозицијата.

-Вистината боли. Особено го боли Бујар Османи, како и Зоран Заев и Димитар Ковачевски. Вчера кажав дека Бујар Османи работи Албанија да почне преговори со ЕУ, а за Македонија што биде, биде. Тоа го боли. Ама вистина е. Исто како што пред 4 години кажав дека работи Македонија да влезе во иста група со Албанија која беше многу позади нас. Рекоа дека тоа што го кажувам е „научна фантастика”. После неколку месеци таа „научна фантастика” се реализираше и Македонија НЕ ДОБИ датум за преговори, ама затоа влезе во иста група со Албанија. Исто така уште тогаш во 2018 кажав дека Македонија со СДСМ и ДУИ нема да почне преговори. Еве ја 2022 Македонија НЕ ПОЧНУВА преговори.Вистината боли ама мора да се кажува. Одговорност и оставки веднаш затоа што ја пониживте Македонија и ја оставивте на дното на Европа и Балканот, напиша Николоски на Фејсбук.