February 27, 2021 22:36
Спорт

Николов преговарал и со Бреша, за изборот на Лече пресудиле советите од Пандев

Македонскиот  фудбалски репрезентативец, Бобан Николов денеска беше промовиран како засилување на тимот од италјаската Серија Б, Лече, за кого би можел да дебитира веќе в недела против лидерот Емполи.

Николов во Лече за соиграч ќе го има поранешниот македонски репрезентативец Леонард Жута. На својата промоција во новиот клу, Николов откри дека пред да ја донесе конечната одлука каде ќе ја продолжи кариерата имал разговори и со капитенот на македонаката репрезентација Горан Пандев кој скоро две децении, со мал излет до Турција, е „печалбар“ на италјанската фудбалска сцена.

-Преговарав и со Бреша и бев блиску до преминување во овој клуб, но Лече е клуб со долга традиција, имаат многу сезони во Серија А и Серија Б. Проектот е амбициозен и ќе дадам се од себе да се претставам во најдобро светло. Разговорите со Лече започнаа пред околу еден месец, Горан Пандев ми кажа убави работи за овој клуб. Бев среќен што таков клуб се интересира за мене и моја желба е да останам тука долги години, изјавил Николов на промоцијата.

Во Лече, Николов ќе го носи дресот со број 16.

-Го избрав тој број затоа што ми носи среќа, со тој број играм и за репрезентацијата. Со Жута се знам и добар пријател ми е, веќе пиевме кафе и разговаравме за градот. Дојдов да помогнам да се пласираме во Серија А, верувам дека тимот има квалитет за такво нешто. Се запознав со соиграчите и на тренерот е да реши кога ќе играм, јас сум подготвен за настап, порачал Николов.

 

Hori-san to Miyamura-kun (https://funimationfree.com/m/dor5) Episode 4 at website https://funimationfree.com. See more mha funimation

Haikyuu!!: To the Top 2nd Season (https://animefreak.ws/m/aKrL) Episode 12 at website https://animefreak.ws animefreaks official website