„Ние имаме само четири истражни центри кои не се целосни, не се екипирани, не се доопремени, но имаме само четири, а нам ни требаат 23, исто и обвинители ни требаат. Она на кое ќе се фокусираме, во рок од 30 дена да имаме информација за потребата од опрема од кадар, Министерството за правда и и Јавното Обвинителство ќе го подготват тоа, да не известат, сето она што е потребно да го обезбедиме, со цел да пристапиме кон решавање на овој проблем, за брзо ефикасно и стручлно разрешување на предметите, за да немаме предмети во фиока, да ги поврземе институциите, но клучно е да ги екипираме истражните центри кои ќе бидат поткрепа на јавните обвинителства. Да се обезбедат финансиски средства за целиот овој процес ќе ни биде приоритет.“- објасни Љупчо Николовски, вицепремиер за борба против корупција, во „Топ тема“ на Телма.
Според него, после три децении, некој кончено ќе ги дигитализира обвинителствата и ќе ги поврзе во систем со други истражни институции.
„Сега имаме решителност и одлучност да имаме истражни центри кои ќе бидат независни и професионални, за да немаме заглавени предмети, предмети со кои се избегнува правдата, а на крајот, граѓаните го очекуваат тоа од нас, дополни Николовски.