June 16, 2021 16:54
Македонија

Николовски: Ќе се проширува листата на лица со обврска да поднесат анкетен лист и ќе се регулира користењето службени возила

На Владата ќе и предложиме законски измени во делот на поднесување на системот на анкетни листови и изјави за судир на интереси, изјави вицепремиерот Љупчо Николовски одговарајќи на новинарско прашање од МИА за проширување на обврската за поднесување анкетни листови.

Тој појасни дека досега ваква обврска имаа избраните и именуваните лица, кои анкетниот лист го поднесуваат до Државната комисија за спречување на корупцијата.

– Сметаме дека треба да го прошириме опфатот на раководните структури во администрацијата, во министерствата, раководители на сектори, раководители со посебни овластувања, институции со посебни овластувања, како што се сите инспектори, сите царински работници, сите вработени во УЈП и во други институции, односно оние кои вршат клучни обврски и задачи и каде навистина сметаме дека тие треба да поднесат анкетни листови и изјави за судир на интереси, одговори Николовски.

Тој смета дека тоа треба да се направи за да се види дали тие имаат акции и удели, дали се сопственици на фирми, тие или нивни блиски и дали се косат со вршењето на задачите кои им се доверени.

– Со тоа уште повеќе ќе ја зголемиме транспаретноста и одговорноста на државната администрација и ќе спречиме злоупотреба на службената положба, односно штети кои можат да настанат на буџетот и државата. Сите ние работиме за плата и сме одговорни во тој дел и сите треба да сме отворени и за граѓаните и да може да се проверува состојбата, подвлече заменикот на Претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски.

Тој најави и носење на нова уредба која ќе го регулира начинот за користење на службените возила и како што рече, ова е еден сегмент во кој Владата сака да стави ред и дисциплина.

– За прв пат воведуваме унифициран начин за користење и одржување на службените возила, со кој строго ќе се регулира начинот на кој ќе се користат возилата и ќе се знае кој, како и на кој начин го користи службеното возило. Спречуваме користење на службени возила за приватни цели, односно воспоставуваме јасна и прецизна процедура на користењето на службените возила единствено за потребите на институциите и граѓаните, потенцираше Николовски, додавајќи дека тоа ќе се регулира со поднесување на предлог закон, кој ќе биде предложен во наредниот период.

GoGoAnime go go go anime: DARLING in the FRANXX (Dub) Episode 24

AnimeHeaven animeheaven boruto: Watch My Hero Academia Episode 6 (https://animeheaven.pro/m/nml/ep-6)