December 3, 2022 10:31
Македонија

Николовски: Уште 140 милиони денари поддршка за млекопроизводителите

Покрај основните и дополнителните субвенции, за млекопроизводителите преку Интервентниот фонд се обезбедени уште 140 милиони денари, соопшти денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.

Поддршката е за литар произведено и предадено кравјо, овчо и козјо млеко во домашни капацитети од 1 октомври 2021-ва до 30 септември 2022 година.

Мерката е усвоена на денешната владина седница која се уште трае. Како што објасни Николовски, 140-те милиони денари се предвидени во Интервентниот фонд, а се обезбедени со ребалансот на Буџетот зашто се навреме побарани.

-Мерката е итна и многу брзо ќе се реализира. Целта е намалување на трошоицте и загубите на мелкорпозводителите кои се јавија со последните поскапувања на репроматеријалите и сточната храна поради кризата, потенцира министерот.

Тој повтори дека веќе се исплатени 670 милиони денари на над 20 000 сточари, а до 31 декември годинава сите долгови кон сточарите по основа на субвенции ќе бидат целосно исплатени.