Македонија

Николовски: Се што правиме е во функција на заштита на македонскиот идентитет

Не верувам дека изјавата од вицепремиерот Никола Димитров нешто ќе предизвика, напротив јасните, транспарентни и отворени ставови треба да станат пракса во македонската демократија, а не некакви позадински игри, изјави заменик претседателот на Владата, Љупчо Николовски за време на денешната посета на Општина Битола.

-Министерот Димитров даде силен придонес, особено во донесувањето на Преспанскиот договор заради кој денес нашата држава е членка на НАТО. Ние сме дел од тој елитен безбедносен клуб и остваривме еден од стратешките приоритети – ветување на многу генерации политичари кои немаа храброст тоа да го направат. Димитров заедно со премиерот Заев даде голем придонес во тој правец и верувам дека и понатаму ќе придонесува во сите остварувања на стратешките интереси на државата особено во европската перспектива. Ние сега сме соочени со проблемот со Бугарија, но не станува збор за некаква попустливост, напротив се што правиме е во функција на заштита на македонскиот идентитет, на културата, јазикот, традициите и се што ни е оставено вековно да го чуваме. Така станавме членка на НАТО и така ќе чекориме кон европската перспектива. Но, ја разбирам и разочараноста на министерот Димитров, но и на сите нас како генерација, затоа што сакаме да почнеме да преговараме со Европската унија. Тоа е начинот за трансформација на општеството, тоа е начинот за да ги убедиме младите да останат во земјав а, изјави Николовски на прашањето дали се можни евентуални проблеми пред претстојниот избор на новата македонска влада.

AnimeHeaven - Watch HD Anime Online Free | AnimeHeaven.pro. AnimeHeaven is the best animes online website, where you can watch anime online completely free. No download, no surveys and only instant premium streaming of animes.

anime website Dragon Ball Z (Dub)

AnimeHeaven Naruto: Shippuden (Dub)

english anime Horimiya

animeheaven Dragon Ball Z (Dub)

watch anime free My Hero Academia

tải go88