January 22, 2021 01:22
Македонија

Николовски: СДСМ воспостави нов систем на работа и делување кој постојано се надоградува

СДСМ воспостави нов систем на работа и делување кој постојано се надоградува, истакна генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски.

„Нашата цел е партијата да биде уште подобра за уште подобро да одговори на предизвиците во интерес на граѓаните и државата.
Мерит системот во рамки на СДСМ внимателно ја следи внатрепартиската работа и соодветно ја вреднува.
На последната седницата на Централниот одбор соопштив дека од 01 октовмри до 31 декември 2020 година одржани се:
– 678 отворени денови за контакти со граѓаните на општинските организации
– 632 состаноци на Извршните одбори на општинските организации
– 229 координации на градоначалниците и советниците од СДСМ
– 181 маалски и урбани средби со граѓаните како и 251 состанок на ниво на месни одбори
– 61 состанок со различни целни групи, посочи Николовски.

Николовски потенцираше дека сите средби се одржани со почитување на мерките за заштита од коронаворусот.

„Продолжуваме со системско ажурирање на членство и регистрација, со подготовките за внатрепартиските директни избори кои за прв пат ќе се случат во земјава.
Продолжуваме со системско следење на почитувањето на усвоениот Кодекс за однесување на членовите и функционерите на СДСМ.
Продолжуваме со внтрепартиските подготовки за локалните избори согласно мерит системот и највисоките стандарди.
Тоа е новиот, динаминчен, прогресивен, моќен СДСМ посветен на граѓаните и на татковината“, нагласи Николовски.

Your Lie in April Episode 22 at KissAnime kissanime monster

Watch The Seven Deadly Sins: Dragon's Judgement Episode 1 at AnimePlanet anime planet english dubbed