November 25, 2020 06:59
Македонија

Николовски: Работиме силно на враќање на довербата во институциите

Денес сме во Крива Паланка за да промовираме реализирани проекти, не сме тука за зборови,туку за дела, изградени регионални патишта во овој запоставен регион од мината деценија, во кој за само две години се инвестирани два милиони евра за патишта. Радува фактот да се биде тука собено поради тоа што дел од жителите со неверување гледаа во реализацијата на овие проекти, зашто довербата во институциите и системот и Владата беше изгубена и ние имаме обврска да работиме на враќање на довербата и носење клучни, крупни инвестиции во овој регион, рече вицепремиерот Љупчо Николовски денеска од Крива Паланка,при посетата на општината и на реализирани инфраструктурни проекти.
Истакна дека особено се радува на засилувањето на реконструкцијата на патот Крива Паланка-Деве Баир, на експресниот пат, за кој очекува со нов импулс од новиот министер Бочварски кој ја познава материјата да се даде нова енергија и можност за регионот, во кој се работи и на големите капитални проекти за поврзување на Коридорот 8 што ја поврзува државата со Република Бугарија.
– Станува збор и за железничкото поврзување и на патно поврзување на РС Македонија и Бугарија, за кои стратешки проекти стаса директна потврда и од еврокомесарот Вархеј, како стратешки проекти и на Европска унија, додаде Николовски.
Рече како потпретседател на Владата за развој и антикорупција ќе даде силна поддршка на општината за слевање значајна финансиска поддршка на регионот и на граѓаните да ја почувствуваат грижата од државата, да почувствуваат бенефит преку програмите за рурален развој, на АФПРЗЗ, преку Министерството за земјоделство и сите програми кои ќе поддржат крупни, значајни проекти за овој регион, додаде Николовски.
Градоначалникот Борјанчо Мицевски рече дека финиширани се активностите на регионален пат Р22, што ја поврзува општината со преминот Голеш и општина Босилеград, Р Србија,но е само дел од крупните инвестиции, со 27 милиони денари.
– Благодарение на Агенцијата за државни патишта инвестирани се и 21 милион денари во патот кон селото Огут и општина Трговиште. Дополнително, со финансиска поддршка од АФПРЗЗ се изградени три значајни правци во општината, во селото Конопница, Трново и Голема Црцорија, околу 50 милиони денари, а тоа е потврда дека и руралните региони се потенцијали за развој на државата, дополни Мицевски.