October 30, 2020 07:38
Македонија

Николовски: Преку системска алатка ќе се следат парите и капиталот кај функционерите

Вицепремиерот задолжен за борба против корупцијата, за одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски денеска на прес-конференција ги најави своите приоритети во работата во четиригодишниот мандат.
Николовски најави градење на системска алатка која ќе ги следи парите и капиталот кај избраните и именуваните функционери, а ќе следува и редефинирање на Кодексот за етичко однесување на функционерите во Владата.
– Тој ќе стане поприменлив, согласно компаративните искуства во светот, и во него ќе важи максимата Нулта толеранција за корупција, порача вицепремиерот Николовски.