November 30, 2020 08:40
Македонија

Николовски: Победата на СДСМ на изборите се должи на многу труд, работа, себе-жртвување, на демократски, партиски ангажман

Зад нас е многу значајна победа на парламентарните избори, формирање мнозинство и раководни структури во институциите за повторно, со нов мандат од граѓаните да им служиме, и на граѓаните и на нашата татковина, истакна генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски во обраќањето на 25. Конгрес на СДСМ.

Тој истакна дека ваа победа се должи на многу труд, работа, себе-жртвување, се должи на државнички, но и соодветен, демократски, партиски ангажман.  Се должи и на создавање нов партиски систем на работа, отчетност и следење на работата, организирано, темелно и јас би рекол одговорно.

Покажавме дека тимската работа, фокусирање на интересот на татковината и граѓаните заедно со воспоставување на функционален систем е клучот на успехот, рече Николовски, додавајќи дека на овој успех му претходеше период на силен партиски ангажман и со силно присуство на терен каде директно, очи во очи разговаравме со граѓаните, ги презентиравме нашите идеи и проекти и ги слушавме нивните предлози и забелешки.

Блгодарен сум на поддршката од граѓаните ама Ви благодарм и Вас за поддршката. И кога ја презедов одговорноста и честа да бидам Ваш генерален секретар, и кога воведовме нов систем на работа и функционирање на партијата. Сакам да се заблагодарам и на мојот тим и мојот кабинет, без Вас, без нив, овој систем и нов начин на работа на партијата немаше да биде успешен, порача Николовски на отворањето на 25-тиот Конгрес на СДСМ.