December 1, 2021 16:08
Македонија

Николовски од Битола: Развојот на општините продолжува со обединување на граѓаните и сите демократски и прогресивни групи

На неколку денови пред вториот круг од локалните избори, овде од Битола испраќаме порака на обединување. Обединување со граѓаните, со сите демократски и прогресивни групи и поединци, за да продолжи развојот на општините, порача денеска од Битола генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски.
“Ова се важни избори, затоа што нивниот исход ќе ја одреди иднината, ќе одреди дали општините, дали Битола и државата ќе продолжат напред кон развојот или ќе се враќаат назад во изолација и режим. Владата досега покажа дека може да води напред само ако и општините туркаат напред”, рече Николовски.
При тоа, Николовски посочи дека СДСМ како партија покажа дека е можен економски раст ако и општините инвестираат во реални капитални проекти, а не во барок, во палми и споменици.
“Централната власт може да се грижи за секој граѓаните, ако тоа го прават и општините, а не да крадат пари од општинскиот буџет за училишен превоз како што тоа беше случај овде во Битола. СДСМ докажала и докажува дека знае да работи единствено со и за граѓаните, знаеме дека без граѓаните ниту една партија не е ништо и затоа ќе продолжиме да работиме заедно со граѓаните исклучиво во нивен интерес”, рече Николовски.
Генералниот секретар на СДСМ, Николовски изјави дека обедувањето на 31-ви октомври е клучно за да продолжи растот на платите, пензиите, стипендиите и социјалната помош, за парите да одат кај граѓаните, во развојот, во мостови и железници, во булевари и водови, а не во спомениците, во галиите и криминални тендери.
Да се обединиме и да гласаме да продолжи развојот на Битола.
А тоа е можно само со глас за број 12, со глас за Христо Кондовски, порача Николовски.