August 2, 2021 20:52
Македонија

Николовски од Аеродром: Ги креираме најдобрите решенија заедно со граѓаните, СДСМ е фаворит на изборите

Попладнево во рамките на теренските активности „Најдоброто за нашата општина”, генералниот секретар Љупчо Николовски учествуваше на маалска средба со граѓаните од општина Аеродорм, заедно со градоначалникот на општина Аеродром Златко Марин и претседателката на ОО СДСМ Аеродром Љубица Јанчева.
Пред присутните граѓани генералниот секретар се осврна на политиките на СДСМ коишто придонесоа кон подобрување на животниот стандард кај луѓето, покачување на просечната и минималната плата, инвестициите, бројните проекти во инфраструктурата.
Тоа се однесува и на секоја општина, на секое населено место. Затоа зборуваме за најдоброто.
Во однос на вложувањата за село Долно Лисиче во изминатиот период е инвестирано во бројни инфраструктурни и капитални прокети, на пример реконструкција на патот Јурумлери – Драчево, пат кој е од особена важност за три населби, потоа во ОУ Гоце Делчев се замени нееколошкиот систем за греење каде се набави нова печка на пелети, а во ова училиште за краток период е предвидено да започне изградба на спортска сала, но ова се само неколку од прокетите кои општина Аеродорм заедно со град Скопје и централната власт ги релизираше, а дел се во план да се реализираат.
Генералниот секретар Николовски посочи дека и на овие избори СДСМ ќе ја понуди најдобрата програмска и кадрова политика поради тоа што ја креира заедно со граѓаните. СДСМ е фаворит на предстојните локални избори, тоа го потврдуваат сите релевантни анкети. Ние за разлика од ВМРО-ДПМНЕ нудиме концепт, идеја и најдобра понуда а тие нудат стари политики добро познати кај граѓаните, деструкција, лажни вести и криминал. Залудни им се сите пребојувања и украдени пароли.
„Ние имаме голема предност пред ВМРО-ДПМНЕ тоа го покажуваат последните анкети каде што граѓаните јасно се определуваат за партијата која нуди квалитетни, најдобри политики, која нуди нови луѓе и нова енергија. ВМРО-ДПМНЕ останува во темното минато и затоа ја немаат поддршката од граѓаните. На овие локални избори имаме два спротивставени концепти едниот кои води напред кон стратешките определби на нашите генерации, и другиот концепт кои не враќа назад во изолација, во темно минато на режимот, криминалот и деструктивноста”, рече генералниот секретар Љупчо Николовски.
СДСМ продолжува и во наредниот период да остварува интензивни маалски и урбани со граѓаните, ќе отидеме во секое маало, во секое населено место. Како партија, но и како одговорна власт секогаш ги слушаме потребите, коментарите и барањата на граѓаните, но ги слушаме и нивните критики и забелешки.

 

AnimeFreak - Watch Anime Online for Free. Subbed & Dubbed. Boonie Bears (Dub) Episode 104

AnimeBee | Watch Anime Online | English Sub & Dub Anime Free. Alderamin on the Sky (Dub) Episode 13

AniWatch Watch anime online in high quality with english Subbed & Dubbed. BLOOD-C Episode 12

KissAnime Site123: https://60c09ca9e6734.site123.me/