October 26, 2021 18:13
Македонија

Николовски: Драфт верзијата на законот за потекло на имот е затворена и решени се сите прашања

Драфт верзијата на законот за потекло на имот денеска е затворена и се решени сите прашања. Ова се информации коишто доаѓаат од работната група под водство на Советот на Европа. Сега ќе се разгледува законот од страна на експертите на Советот на Европа, по што ќе го отвориме за јавноста и верувам дека тоа ќе биде многу скоро, изјави вечерва вицепремиерот за борба против корупција Љупчо Николовски.

Николовски, во гостување на телевизија Сител, појасни дека се елиминирани слабостите на кривичната постапка, така што конфискацијата на имотот ќе се врши во граѓанска, брза постапка.

– Решено е финансиската полиција да ги води истрагите односно да се формира специјализирано одделение во рамки на Финансиската полиција, тоа е денес договорено да нема ново формирање на нова институција. Финансиската полиција ќе ги собира сите информации, граѓаните ќе треба да докажат дека немаат разлика во делот на имотот односно ќе се истражува таму  каде што имаме разлика од над 30.000 евра непријавени, неоданочени или средства, имот којшто не може да се докаже, а сме ги стекнале во минатата година, појасни Николовски.

Овие постапки, посочи Николовски, пред граѓанските судови ќе ги застапува државното правобранителство заради тоа што е тоа имот на државата  и тој имот треба да се врати на граѓаните.

– Ќе имам широк опфат, ова е закон којшто во други земји се нарекува Закон против мафијата. Се прави контрола на капиталот, се растоваруваме  целосно од сето она што го носиме низ времето на транзицијата на овие 30 години и редно е да добие максимална поддршка за да навистина ги убедиме, увериме граѓаните во нашата борба против криминалот и корупцијата и во градењето на капацитетни институции и на едно трансформирано општество во коешто владее правото, изјави Николовски.

Посочи дека сега и граѓаните и институциите ќе може да алармираат, доколку некој во претходната година се стекнал со имот од над 30 илјади евра, за кој нема покритие, а Финансиската полиција ќе отвори истрага за тоа да дојде пред граѓанска и цивилна судска постапка. 

https://animeheaven.pro animeheavenru

Website https://animekisa.in: Watch Shibai Taroka animekisa Episode 2 anime sites

Website https://wcostream.cc: Watch Scan2Go (Dub) wcostream Episode 52 the flintstones wcostream

Animepahe Watch english anime Online in HD for FREE

Linktr: https://linktr.ee/Kissanimemx

Forums asp: https://forums.asp.net/members/gogoanimebe.aspx