April 11, 2021 06:54
Македонија

Николовски во Ротимље: Се остварува визијата на Трајковски за мир и единство, членство во НАТО и евроинтеграција

Делегација на Владата составена од вицепремиерот задолжен за борба со корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски и министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, денеска присуствуваа во Ротмиље, Босна и Херцеговина, на одбележувањето на 17-годинишнината од смртта на претседателот Борис Трајковскичленовите на кабинетот и на екипажот на авионот, кои на тоа место трагично ги загубија животите на овој ден во 2004 година, соопшти владината прес-служба.  

– Секогаш ќе го паметиме како човек кој имаше визија за успешна Македонија, како човек кој беше умерен реформатор и миротворец. Секогаш ќе остане запаметен и по неговата клучна улога како предводник на дијалогот за мирно решавање на конфликтот во 2001 година, со кој се стави крај на оружените дејствија и се спречи тенденцијата за граѓанска војна во државатаСо голема умереност во етничкиот дијалог, расправајќи за поголема вклученост на етничките Албанци, претседателот Трајковски одигра клучна улога во решавањето на конфликтот, како и во процесот на помирување и склучувањето на Охридскиот рамковен договор, истакна Николовски на положувањето цвеќе на споменобележјето во Ротимиље. 

Додаде дека лидерските вредности на Трајковски беа од исклучителна важност во еден тежок период во кој се наоѓаше нашата држава и дека денес се остварува неговата визија за европска интеграција, за членство во НАТО, за грижа за граѓаните, единство, мир и стабилност.  

– Ги исполнуваме неговите ветувања за стратешките цели на државата. Соединетите Американски Држави се наш стратешки партнер и сојузник. Северна Македонија стана 30-та земја членка на НАТО. Го трасиравме патот и на чекор сме до влез во Европската Унија. Нашата држава е пример во регионот за единство, соживот и мирИ денеска овде во Мостар, на споменобележјето, ги продолжуваме неговите заложби и го потврдуваме големото пријателство помеѓу Северна Македонија и Босна и Херцеговина, и ја испраќаме пораката за меѓусебна соработка, меѓуетничка толеранција, за мир спокојство и стабилност, рече вицепремиерот Николовски.

Your Name. (https://kissanimeonline.com/m/7oeM) Episode Full at website https://kissanimeonline.com. See more watch anime free

Watch The Testament of Sister New Devil (Dub) Episode 2 at 4Anime gleipnir 4anime