October 14, 2019 01:16
Магазин

Низ светот прославен роденденот на Бетмен

Симболот Бетмен, сјајеше на фасадата на зградите во 13 градови, одбележувајќи го 80-от роденден на светскиот познат суперхерој. Фановите на човекот-лилјак се собраа на денот на Бетмен, во метрополите низ светот, а еден број од нив беа и деца, кои носеа костими од суперхеројот.

Во некои градови одржани се и панел дискусии за јунаците од стриповите. На преполните улици во Мелбурн во Австралија и на плоштадот на Федерацијата, обожавателите на Бетмен восхитено ги набљудуваа проекциите со симболот на суперхеројот.

View image on TwitterView image on TwitterView image on Twitter

Симболот на Бетмен блесна и на деловната зграда „Тор реформ“ во Мексико, потоа и во Токио, Берлин, Рим, Париз, Лондон, Сао Паоло, Јоханесбург…

Денот на Бетмен се одбележува секоја трета сабота во септември. Овој јунак од стриповите, а подоцна и од филмовите, брзо стекна голема популарност, набрзо откако неговиот лик се појави во 27-от број на „Детективски стрипови“ во 1939 година најпрво во Њујорк.

Нови вести

(Видео) Бел полицаец убил афроамериканка во нејзината спална во Тексас

Igor

Се ожени генералниот секретар на СДСМ, Николовски

Igor

Емина Јаховиќ се вселува во вилата на турскиот милионер Садетин

Filip