February 29, 2020 11:08
Спорт

Нигериецот Јусуф ново засилување за Бутел

Македонскиот ракометен суперлигаш Бутел го ангажира Нигериецот Фарук Јусуф, третиот стрелец на Мундијалот за играчи до 19 години, кој се одржува во Скопје. Нигериецот потпиша четиригодишен договор со Бутел.

Со ангажирањето на Јусуф, Бутел ја засили конкуренцијата во тимот на  десната бековска позиција. Младиот нигериски репрезентативец  ќе и се приклучи на екипата на Бутел на почетокот од идниот месец. Тој досега беше член на екипата Сокото Академи.

-Среќен сум што потпишав со екипата на Бутел. Се надевам дека ќе помогнам во наредниот период да стигнеме до некој трофеј, вели Јусуф по потпишувањето на договорот.