February 23, 2019 08:20
Живот

Не ја фрлајте лимоновата кора, таа е поздрава и од лимоновиот сок

Кога ќе го исцедиме лимонот ја фрламе лимоновата кора. Но, веројатно не сте знаеле за моќта на лимоновата кора досега.

Таа е богата со многу хранливи материи, дури и повеќе од лимоновиот сок. Богата е со витамин А и Ц, калиум, калциум и природни влакна кои имаат позитивно влијание на нашите мускули, очи, нерви, срце.

Калиумот од лимоновата кора ги опушта крвните садови и помага за намалување на крвниот притисок. Тоа придонесува и за подобра работа на срцето.

Лимоновата кора се препорачува и за сите оние кои имаат проблеми со метаболизмот и тврда столица бидејќи е богата со природни влакна. Таа исто така има и позитивно влијание за одржување на нормална телесна тежина, а е добар сојузник и за спречување на појавата на дијабетес.

Освен што делува одлично внатрешно на нашиот организам, одлична е и за надворешна употреба, односно помага за спречување на појавата на акните. Таа исто така помага и во намалување на порите на кожата.

Related posts

Што ќе се случи ако јадете две банани на ден цел месец? Еве го одговорот

24news

Сокот од круша, ѓумбир и краставица треба да го пиете секој ден! Еве зошто…

24info

Трагична љубовна приказна го расплака светот: Кога дознала дека момчето и загинало донела тажна одлука…

24news