October 26, 2021 20:09
Македонија

„Не сте сите исти“, господине Мицкоски!

Она што Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ го прават со негативната кампања кон Зоран Заев, преку соопштенијата, прес-конференциите, вклучувајќи ги и ТВ-дуелите, неизбежно провоцира реакција кај граѓаните, со која му даваат поддршка на лидерот на СДСМ. Во духот на „што је више клевета и лажи, Тито (Зоки) нам је милији и дражи“, познатата парола со која народите и народностите на поранешна Југославија им возвраќаа на странските пропаганди кои имаа за цел со своите кампањи да го оцрнат нивниот сакан водач, анализира Љубиша Николовски од Слободен печат.

Се разбира, далеку е Зоран Заев од популарноста на Јосип Броз Тито, но анкетите што во серија ги спроведуваат реномирани стручни компании што го испитуваат јавното мислење во изминативе 4-5 години, покажуваат дека откако во 2017 година Заев му ја презема титулата на Груевски, тој е сè уште најпопуларен политичар во земјава. И последната анкета на „Брима“ покажува дека тој има рејтинг од 11,8 отсто меѓу граѓаните, додека рејтингот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ е 7 отсто, и тука, отприлика, со плус- минус еден или два процента се забетонирани обајцата.

Ваквиот сооднос во рејтинзите веројатно е и причината поради која Мицкоски на ТВ-дуелот на „Канал 5“ синоќа не можеше да се воздржи да не ја покаже нетрпеливоста кон својот политички опонент која се граничи со омраза. Мачно беше да се гледа професорот Мицкоски, кој од час во час заличуваше на маалски инаетчија, па наместо да го лови премиерот со прашања од економијата за која самиот вели дека е експерт, тој „тaпеше“ со здодевни, празни флоскули, со 100 пати повторени упади за 14-те загинати во тетовската болница, пропуштајќи ја шансата да презентира делови од својата програма за која вели дека ја има и дека е стручно подготвувана. Вака ни остави само реторичко уверување дека неговата влада ќе биде подобра од оваа, без никакви аргументи за тоа.

Притоа, за сето време изигруваше и обвинител и судија, прогласувајќи за виновни министри, градоначалници и директори од актуелната власт, најавувајќи одмазда кога тие ќе дојдат на власт, потсетувајќи на едно минато време кога извршната власт беше три во едно, и извршна и судска и законодавна. Она што Мицкоски очигледно не го сфаќа е дека со перманентното оцрнување на Заев, всушност му прави услуга. Него му го крева рејтингот, а својот го спушта.

Анкетата на „Брима“, освен рејтингот, ја покажува и „благонаклоноста“ на граѓаните кон едниот и кон другиот политичар, и таа се движи од 13,6 до 17,8 отсто за Заев, додека кај Мицкоски таа е меѓу 8,3 и 15,8. Но, оваа анкета е карактеристична, меѓу другото, и по тоа што ја специфицира и негативната популарност на политичарите, односно покажува дека кај значителен број граѓани тие не се омилени.

Така, кон лидерот на СДСМ Зоран Заев крајно „неблагонаклонети“ се 46,9 проценти од испитаниците, додека таа „неблагонаклоност“ кон првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, достига дури 71 процент. Што би рекол Мицкоски „не сме сите исти“! Очигледно не сте, а и граѓаните го мислат истото.

Тоа секако е показател дека отровните стрели упатени кон „црпнатиот“ не ја погодуваат целта во онаа мера која „прецизниот“ сака да ја постигне. Затоа, пак, успеал да постигне ефект на политичко „самоубиство од заседа“. Бројката од 71 отсто на неблагонаклоност меѓу испитаниците е премногу за еден лидер на опозиција кој пледира да биде власт, што веројатно говори дека нема поддршка ниту меѓу „своите“.

Анкетите се анкети. Последниот збор, сепак, ќе го имаат граѓаните на изборите. Но, не е сеедно да се тргне во кампања за освојување гласови со предзнаење дека не ги адресирате вистинските поенти во комуникацијата со нив. Едно е постојано да кажувате дека не е сè најдобро во државата, но друго е да понудите подобри опции од оние кои сега им стојат на располагање на граѓаните. И токму тоа на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ му недостига во комуникација со јавноста. Никако не успеваме да дознаеме која е политичката и економска платформа со која ВМРО-ДПМНЕ ќе ја води државата и како ќе ја реализира.

Оттаму, телевизиските дуели претставуваат повеќечасовно мачење за гледачите, кои немаат можност да слушнат ништо ново, освен она што секојдневно го пласираат партиските штабови во своите соопштенија и на прес-конференции. Заев нема можност на раат да се испофали за сработеното, ниту, пак, Мицкоски има со што да се пофали.

Ваквиот однос на лидерот на најголемата опозициска партија, кој му носи низок рејтинг меѓу граѓаните, ја турка и партијата ВМРО-ДПМНЕ во амбисот на политичка пропаст, овозможувајќи му комодитет на Заев во водењето на политиките. Дополнително, остава празен простор на политичката сцена непречено да пенетрираат партии од типот на „Единствена Македонија“ или Левица, кои ѝ го земаат приматот на некогаш неприкосновената ВМРО-ДПМНЕ, барем кога станува збор за блокот на т.н. десни или демохристијански партии. Потврда за ова е и рејтингот на лидерот на Левица, Димитар Апасиев, кој иако е низок, сепак се доближува до оној на Мицкоски.

Анализата и анкетите покажуваат дека ВМРО-ДПМНЕ е на историски најниското ниво на популарност според испитувањето на јавното мислење. Така не било ниту во времето на Љубчо Георгиевски, ниту за време на владеењето на Никола Груевски.“

Mighty Space Miners (https://animedao.nl/m/QX4V) Episode 2

AnimeFreak: Haruka: Beyond the Stream of Time – A Tale of the Eight Guardians anime episode 26 online free at https://animefreak.ws anime stream

Website https://animetv.cc: Watch Jinki: Extend (Dub) animetv Episode 12 anime tv demon slayer

AnimeFLV: Kum Kum (Dub) anime episode 26 online free at https://animeflv.uk anime stream

Forum acronis: https://forum.acronis.com/user/359867

Jigsawplanet: https://www.jigsawplanet.com/animefreakws