October 22, 2021 01:10
Македонија

Не се утврдени недостатоци во модуларните болници, се чека извештајот од германските експерти за пожарот во Тетово

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) при вонредните инспекциски надзори во 18 модуларни болници во државава не констатирал недостатоци. Извештајот од германските експерти за пожарот во тетовската модуларна болница во кој животот го загубија 14 лица, според информациите од МВР, ќе биде доставен во рок од 10 до 15 дена, а извештаите од нашите експерти се очекуваат многу брзо да бидат готови, информираа вчера надлежните.

Премиерот Зоран Заев во вчерашниот тв дуел со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на Канал 5 истакна дека вештачењата ќе бидат само еден инпут во донесувањето на неговата одлука. Посочи дека ќе ги причека резултатите од истрагата за трагедијата во тетовската модуларна болница, па дури потоа ќе донесе одлука за оставките на министерот Венко Филипче и неговиот заменик Илир Хасани.

Тој потврди и дека за пуштањето на модуларната болница во употреба биле исполнети сите законски предуслови. За такви објекти, истакна, се прави примопредавање, не се дава употребна дозвола. За трагедијата, подвлече, ќе бидат дадени одговори на сите можни прашања.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, пак, обвини дека модуларната болница била пуштена во употреба без соодветен документ, поради што 14 лица ги загубија животите. Ако некој во Владата и малку има грижа на совест, истакна Мицкоски, тогаш не само што нема да размислува, туку веднаш ќе ги прифати оставките и тоа е првата работа што треба да ја направи. Мицкоски рече дека за трагедијата во Тетово, освен морална, ќе мора да има и кривична и политичка одговорност.

Тој обвини дека модуларната болница била пуштена во употреба без соодветен документ, поради што 14 лица ги загубија животите. Ако некој во Владата и малку има грижа на совест, истакна Мицкоски, тогаш не само што нема да размислува, туку веднаш ќе ги прифати оставките и тоа е првата работа што треба да ја направи.

– Ако разговарате со роднините на луѓето кои ги загубија најблиските, ќе го видите сиот нивен гнев и револт, но и болката за загубата. Имате директна вина за овој објект како и за сите останати, најпрво да бидат приклучени на електрично напојување за коишто постојат индиции дека е тоа кое го предизвикало пожарот, а потоа има директна вина затоа што дозволиле роднини, што треба да покаже истрагата дека нема одобрение за градба и дека е пуштен во употреба без соодветни документи, што треба германските истражители кои еден ден беа тука да утврдат, напомена лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Прашан зошто се чекаат извештаите, кога оставките се понудени и граѓаните бараат одговорност, премиерот Заев рече дека го разбира гневот и болката која е голема кај сите, но дека не може едноставно да се разрешуваат министри, Влада, Парламент, па дури и цел народ заради оваа болка.

– Мораме да водиме грижа прво, за суштината и причините на тоа што се случило. Второ, мора да знаете што после тоа. Ќе учите, некој уште шест месеци да навлезе, да менаџира со короната, со болницата во Тетово, со секој соодветно? Мора да ги дадете соодветно одговорите. Кога ги давате соодветно одговорите мора да ги имате влезните информации до крај за да можете како премиер да го кажете својот став. Ако ги вратиме животите на овие 14 луѓе, не само што ќе си дадеме оставки сите, ќе заминеме и нема да се вратиме во политиката само да се вратат овие луѓе, а тоа е невозможно, рече Заев.

Премиерот истакна дека модуларните болници се модуларни контејнери кои, исто како целиот свет, така и кај нас се поставени за луѓето да не бидат примени на паркинг просторите пред инфективните клиники.

– Се работи за модуларни контејнери коишто се претходно фабрички изработени на друго место и од тука целта беше исполнета и тие треба да продолжат да функционираат затоа што таму се сместуваат нашите граѓани коишто се заболени од КОВИД -19 и ќе имаме уште заболени од КОВИД -19. И така треба тоа да продолжи. Ние не градевме болници. Ние имаме претходно изработени во фабрика модуларни контејнери не кај нас, секаде во светот се така поставени, рече Заев.

За тоа, како одеднаш верува во судството и чека што ќе покаже истрагата, кога пред една година и самиот барал помош од ДКСК за справување со судството, Заев рече дека помош и поддршка бараат од сите независни институции, како од извршната власт и институциите под извршната власт, така и на правосудството, судството и обвинителството, и на сите други институции.

–  Не можам да кажам дека денеска Зоран Заев има целосна доверба во правосудството, но сум должен да ја делегирам довербата согласно нивната одговорност да носат одлуки, транспарентни, отворени, ефикасни и јасни за граѓаните, рече Заев.

Од вонредните инспекциски надзори, пак, во 18 модуларни болници во државава, Државниот санитарен и здравствен инспекторат не констатирал недостатоци.

По однос на санитарно-хигиенската состојба, посочија од Министерството за здравство, извршената ДДД од овластена установа, селекција и диспозиција на медицински отпад, извршени здравствено –хигенски прегледи, обезбедени доволни количини на ЛЗО, обезбедени доволни количини на средства за дезинфекција, динамика на чистење и дезинфицирање на работните површини не се констатирани недостатоци. Во сите модуларни болници  е истакнато на видно место дека е забранета посета и во моментот на надзор не е затекнато присуство на надворешни лица. Секаде има истакнат распоред на дежурства на здравствен персонал; лекари (специјалисти и специјализанти) и медицински сестри чија бројка е различна согласно капацитетот и бројот на хоспитализирани пациенти.

Предмет на надзор согласно надлежностите на ДСЗИ, како што се посочува МЗ, било: опис на модуларната болница: капацитет на болницата со број на болнички соби, болнички кревети, дополнителни простории, монентална исполнетост со број на хоспитализирани пациенти и од кога е во функција модуларната болница, санитарно хигиенска состојба на објектот; увид потврда за извршена ДДД од овластена установа; увид дали се извршени здравствено-хигиенски прегледи на персоналот; увид во делот дали и колку од персоналот се комплетно вакцинирани, начин на селекција и диспозиција на медицински отпад и договор со овластен оператор кој го подига медицинскиот отпад; број на здравствен и останат пеерсонал кој се грижи за пациентите (лекари, сестри, болничари,хигиеничари), дали постои писмен распоред на дежурства во модуларната болница; дали се почитува забраната за посета  на надворешни лица. Доколку се затекне било кое лице кое е во посета задолжитежно да се евидентира во записник; увид во здравствената евиденција која се води во модуларната болница.

Трагедијата во Тетово се случи на 8 септември годинава. Починаа 14 лица сместени во модуларната болница. Во тек е истрагата што се спроведува со поддршка на германски експерти кои минатата недела беа во Тетово, направи увид и се чека нивната експертиза.

AnimeFLV: Anima Yell! anime episode 12 online free at https://animeflv.uk anime streaming

Website https://animepahe.cc: Watch The Humanoid animepahe Episode Full anime streaming

AniWatch: Angel Tales (Dub) anime episode 12 online free at https://aniwatch.pro watch anime dub

Website https://gogoanime.be: Watch Cop Craft: Utsukushiki Onna Kishi! Toraware no Yousei wo Oe! (Dub) gogoanime Episode Full anime online

Amara: https://amara.org/en/profiles/profile/MM8y1E1zq4yjiQ5AjWLyDDsnFmigyiE8EeaLUoiJRfk/

Cuchi hochiminhcity: http://www.cuchi.hochiminhcity.gov.vn/Lists/Hoi_Dap_DB/DispForm.aspx?ID=2335