September 20, 2021 23:22
Македонија

Не само што лаже во Македонија, туку лаже и во странство, Заев е прототип за Пинокио

Соопштение до јавноста, реакција на интервјуто на Зоран Заев за Дојче Веле

Не само што лаже во Македонија, туку лаже и во странство, Заев е прототип за пинокио. Не само што не креирал 100.000 работни места за четири години, туку во последната година Заев предизвика отпуштање на 60.000 луѓе.

Тоа што народот се иселува не е и не може да биде намалување на невработеноста.
Ако сите со ниски примања добијат отказ, тоа не значи покачување на просечната плата, туку само зголемување на јазот меѓу богатите и сиромашните.
Над 65% од работниците во Македонија земаат плата под 25.000 денари. Тоа е тажната реалност во Македонија поради Заев.
Корупцијата ја нагриза државата во сите аспекти. Заев заборави да каже дека нема истрага за него, брат му и братучедите. Главниот обвинет во Рекет, кажа дека парите од Рекет завршиле кај Зоран и Вице Заеви. Шоферот на Трајче Заев беше фатен како шверцува дрога во акција од американската ДЕА, а Трајче Заев, братучед на Зоран Заев не беше ниту повикан на разговор во МВР.
Правдата во Македонија со Заев е мртва и таа не важи за никој. Политички неподобните се шиканирани, а семејството Заеви и ним блиските непречено прават криминал.
Заев треба да каже дека 111-то место на листата за перцепција на корупција се должи на него и на неговото семејство, на рекетот на Вице, на лиценците на Трајче и на туцињата пари во торба на Ден Дончев.
Со Заев нема правда, уште помалку европски просперитет. Потребно е Заев да си замине, за државата да тргне напред.Време е за Македонија за сите луѓе!

Watch The Ambition of Oda Nobuna (Dub) Episode 12

AnimeKisa: Sugar: A Little Snow Fairy Summer Special (Dub) anime episode 2 online free at https://animekisa.in free anime

Website https://animepahe.cc: Watch Rosario + Vampire Capu2 animepahe Episode 13 watch anime

https://gogoanime.be gogoanime anime list

Git qt: https://git.qt.io/animeflixnl

Bakespace: https://www.bakespace.com/members/profile/kissanimemx/1224900/