Не падна никаков договор на денешниот состанок помеѓу МОН и СОНК.
Претседателот на СОНК, Јаким Неделков преку писмено соопштение објавено на социјалната мрежа фејсбук ја информира јавноста дека двете страни се договориле дека им се потребни уште 10 дена за да постигнат точен процент на покачување на платите на наставниците.
Синдикатот штрајкот го стави во мирување на 28 април откако доби известување од Министерството за труд и социјална политика дека Министерството за образование и наука пристапува кон мирно решавање на спорот.
Максималниот рок на мирното решавање на споровите е 20 дена, а првичниот рок е 10 дена, кои истекoа денеска.
„Доставивме барање, иницијатива до МОН за исптлата на дневници врз основа на колективен договор, имаме основ за таа работа и скоро сме сигурни дека ќе бидат исплатени во дејноста образование. За жал имаме проблем во МТСП со детска заштита, има навистина сериозен проблем каде што еве до ден денес нема сигнал дека таму ќе бидат исплатени дневниците, може да биде сериозен проблем во нарушување на процесот на преговори, изјави во петокот претседателот на Синдикатот.
Просветните работници бараа покачување за 18 отсто, а властите ветија 12 отсто, но договор засега нема.