Search

Не може да се очекува граѓанскиот сектор да биде круцијален фактор во преговорите со ЕУ

Не може да се очекува граѓанскиот сектор да биде круцијален фактор во преговорите за членство со Европската унија. Граѓанскиот сектор може да помогне со својата одредена доза на експертиза, но во никој случај не може да биде основата во преговорите со Унијата.

Ова денеска го изјавија извршната директорка на Хелсиншкиот комитет за човекови права Уранија Пировска и Симонида Кацарска, директорка на Институтот за европска политика, на презентирањето на Извештајот во сенка за „Поглавјето 23″.

– Капацитетот што треба да го има администрацијата не може да биде пополнет со граѓанскиот сектор. Системот на организирање на преговорите има многу модели, и секоја земја треба да го пронајде оној што и одговара. Граѓанскиот сектор поради специфичните услови на развој има и одредена доза на експертиза, што може да помогне но таа во никој сличај не може да биде основната, рече Кацарска.

Посочи дека искуставта од другите земји покажуваат дека јадрото што ги води преговорите мора да биде од администрацијата, бидејќи преговорите ќе траат долго, и тие луѓе ќе треба долго да бидат вклучени во нив.

Во врска со законот за Јавно обвинителство, додаде дека она што останува во фокусот на земјите-членки на ЕУ е како ќе се задржи независноста на Специјалното јавно обвинителство, и како ќе се вгради во системот на ЈО на Северна Македонија.

– Потребно да се има транспарентен процес во однос на ова прашање, и очигледно е дека клучните земји-членки во ЕУ очекуваат напредок во однос на ова, до одлуката во јуни, и е еден од аспектите што стои како незавршена задача, рече Кацарска.

Пировска од своја страна истакна дека отвореноста на Владата кон граѓанскиот сектор е за поздравување.

– Тоа треба да го гледаме низ неколку димензии. Од една страна експертската поддршка, меутоа владата и процесот на прегвори мора да биде отворен кон граѓанскит сектор, и заради легитимизирање и транспарентност, не само од аспект на експертска поддршка, рече таа.

Пировска рече дека граѓанскиот сектор е вклучен во речиси сите работни групи во Владата на РСМ, и оти одвојуваат големи капацитети и енергија, со тоа да и се помогне на Владата да го помине целиот процес на реформи.

– Меѓутоа не може да се очекува дека граѓанскиот сектор да биде оној круцијален фактор во поминување на тој процес, оцени директорката на Хелсиншкиот комитет.

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски минатата недела од Брисел апелираше до сите чинители во или надвор од јавната администрација да се вклучат во претстојниот преговарачки процес со ЕУ и рече дека Владата е загрижена дали државата има доволен капацитет за овој потфат. Тој најави дека најдоцна до средината на мај, Владата треба да објави нов предлог за преговарачката структура кој предвидува ангажман на „високо квалификувани експерти” од надвор од институциите.

Треба да знаете
Последни објави