October 30, 2020 17:14
Магазин

Не ме плаши староста, туку иднината на Маркијан- Пејачката Ребека наполни 49 години

Не сум помислила на старост и никогаш не сум се плашела, вели пејачката Ребека, која денес полни 49 години.  Таа вели уште од утрово децата ја изненадиле со честитки, па и луѓе кои прочитале на Fејсбук и се јавиле да и честитаат, а за вечер сопругот Мики и рекол- ќе те носам некаде, нека биде изненадување.

На прагот на 50ката Ребека вели дека нема време да мисли ниту на годините ниту на себе.

-Доаѓаат години кога имаш обврски и не се вртиш кон себе, туку гледаш работите да се добри за целото семејство.Веќе не се врти светот околу мене. Не сум ни помислила за старост, додуша никогаш и не сум се плашела, од поодамна живеам како побожен човек и кога  човек  ќе дојде на едно ниво на свесност, тоа не го плаши. Раѓање и смрт, тоа е.  Зреењето е убав момент, децата,семејството. Да оставиш спомени кај лугето што ги сакаш и што ти значат. Јас сакам така да го живеам животот и го живеам така. Не сум опседната со годините, не можам да го разберам стравот од стареење, па тоа е неминовен процес, вели Ребека и додава…

Колку сум среќен? Среќен сум што не си моја болка, туку лек. Среќен сум што не си икона, туку постоење. Среќен сум што…

Posted by Milan Risteski on Вторник, 15 септември 2020

Преземено од ММС