February 22, 2020 08:28
Спорт

Не биле петмина, деветмина загинале заедно со Коби Брајант

Полицијата се уште не потврдила официјално дека кошаркарот Кобе Брајнт загинал во хеликоптерската несреќа во Калабасас, Калифорнија, ниту пак неговата 13 годишна ќерка Џиана.

Иако медиумите објвија за петмиа загинати, на прес конференција во Калабасас, која заврши пред неколку минути, шерифот на Лос Анџелес, Алекс Виланова рече дека се најдени тела на деветмина загинати, пилотот и осумина патници.

Тој рече дека додека патолозите не ја завршат обдукцијата и не бидат информирани најблиските на загинатите нема да дадат инфомации за нивниот идентитет.