August 10, 2022 23:31
Спорт

Нејмар: Ќе се вратам на теренот подобар и посилен !

Бразилската фудбалска ѕвезда Нејмар од редовите на ПСЖ вчера се повреди на гостувањето кај Сент Етјен во 15. коло од францускиот шампионат. Победата „светците“ (1:3) ја платија со повреда на Најмар кој пред крајот на мечот на носилки беше изнесен од теренот, а потоа на патерици и со лонгета го напушти стадионот, по што веќе е извесно дека за него оваа година е завршена. Колкава ќе биде паузата за Нејмар дополнително ќе се утврдува откако ќе се направат деталните лекарските прегледи.

Нејмар заработи повреда на скочниот зглоб, по што со болен крик и гримаса беше изнесен од теренот.

-Ќе закрепнам! За жал ваквите удари и повреди се дел од животот на секој спортист, но тоа е што е. Сега морам да ја кренам главата и да продолжам понатаму. Ќе се вратам подобар и посилен, објави Нејмар.