Спорт

Нејмар со солидна донација во борбата против КОВИД-19

Ѕвездата на ПСЖ, Нејмар направи дарежлива донација во битката со коронавирусот, објавија медиумите во Франција и Англија.

Дваесет и осум-годишниот Бразилец префрли вкупно 750.000 фунти во УНИЦЕФ и во добротворна организација која вклучува и други славни.

Парите на Нејмар ќе бидат искористени за лекување на заразените со КОВИД-19, како и на оние кои се отсечени поради пандемијата.
Поранешниот напаѓач на Барселона ја направи донацијата анонимно, но неговото име го откри бразилското телевизиско шоу „Фофокализандо”.