August 22, 2019 01:03
Спорт

Нејмар патува за Париз, утре се решава иднината на Бразилецот

Шефовите на Пари Сен Жермен со нетрпение го очекуваат Нејмар да се врати во Париз откако Бразилецот не се појави за стартот на предсезонските подготовки на 8-ми јули. Најновите информации се дека напаѓачот ќе се качил на авионот синоќа и ќе биде утре во францускиот главен град. Во понеделник ќе се одржи средба меѓу него и спортскиот директор на парижаните, Леонардо, по што ќе има поголема јасност околу иднината на ѕвездата.

Не е тајна дека Нејмар сака да го напушти ПСЖ и да се врати во Барселона. Таквата трансакција изгледа многу комплицирана, главно поради цената на 27-годишниот ас, но Каталонците се подготвени да го направат она што е потребно за да го вратат назад на „Камп Ноу”.

Иако од ПСЖ официјално го критикуваа Бразилецот за неговото доцнење, неговиот татко изјави дека Нејмар има право на една недела дополнителна одмор поради повикот за националниот тим на Бразил. Напаѓачот сепак не играше на Копа Америка, бидејќи се повреди пред почетокот на турнирот.

Нови вести

Иванишевиќ меѓу номинираните за влез во Куќата на славните

Filip

Рибери: Благословен сум што сум во Фиорентина

Filip

Куп на Македонија: Шкендија и Работнички се пласираа во осминафиналето

Filip