August 14, 2022 20:27
Спорт

Нејмар му тера инает на ПСЖ- не сакада си оди

Најугледниот француски весник „Л’Екип“, кој пред нешто повеќе од еден час објави дека Кристоф Галтие ќе биде новиот тренер на ПСЖ зашто веќе се договорил за двегодишна соработка со уште една година опција за продолжување на истата, вечерва објави дека Бразилецот Нејмар на 1 јули ќе добие нов договор за уште пет сезони.

Иако Насер Ал Келаифи, катарскиот газда вчера најави дека можност Нејмар и да биде продаден, иако не го посочи него конкретно, продолжувањето на новата петгодишна соработка ќе дојде по автоматизам.

Нејмар лани потпиша нов договор до 2025 година со опција за продолжување на соработката за уште две години и тоа веќе на 1 јули истата да стане облигаторна, што значи автоматски договорот му е со истек до 2027 година.

Шансите за Нејмар да замине сега се само ако ПСЖ се реши да го продаде, ама прво да најде купец, кој добро ќе искешира за трансфер, а потоа ќе му ги задоволи големите финансиски апетити на Бразилецот, кој патем не сака да си замине од Париз од едноставна причина што има 40 милиони евра годишна плата. И на друго место тешко дека ќе успее да добие толку пари.