November 16, 2019 03:43
Балкан

Неформален самит во Атина на претседателите на државите од групата „Араиолос”

„Основниот принцип на солидарност како клуч за продлабочување на Европската унија и за дополнително промовирање на Европската интеграција: кои дополнителни чекори се потребни?”, е централната тема за која ќе дискутираат претседателите на државите од групата „Араиолос” на 15от неформален самит што денес се одржува во грчката престолнина, jави дописничката на МИА од Атина. На еднодневниот состанокот на кој ќе стане збор за економската и мигрантската криза и предизвиците поврзани со безбедноста во ЕУ, учествуваат претседателите на Бугарија, Германија, Естонија, Ирска, Италија, Хрватска, Летонија, Малта, Унгарија, Полска, Португалија, Словенија и домаќинот Грција. Грчкиот претседател Прокопис Павлопулос на почетокот на самитот рече дека денешниот состанок добива карактеристика на една форма на „федерација” за зацврстување на европското обединување.

Нови вести

Европските посредници во Србија со оценка дека има ограничен напредок во меѓупартискиот дијалог

Filip

Кипар тврди дека Турција го прекршува меѓународното право при потрагата по нафта и гас

Filip

Столтенберг: Србија сама носи одлуки

Filip