December 1, 2022 18:00
Свет

Неуспешно лансирање ракета предизвика паника кај жителите на гратче во Јужна Кореја

Неуспешно лансирање балистич а ракета предизвика паника кај населението во гратчето Гангнеунг во Јужна Кореја, откако проектилот паднал на земја и предизвикал голем пожар, потврдија денеска официјални јужнокорејски претставници.  

Јужнокорејската војска синоќа истрелала балистичка ракета со краток дострел „Hyunmoo-2″, која поради неисправност се урнала непосредно по лансирањето. Притоа по падот се запалило ракетното гориво, но боевата глава не експлодирала, потврдил за јужнокорејската агенција „Јонхап” претставник на армијата.  

„Многу жители во паника ја повикаа градската управа. На почетокот не знаевме што се случува бидејќи не добивме никакво предупредување од армијата дека се одржуваат такви вежби”, изјави претставничка на градската управа на Гангнеунг.

Генералштабот на војската на Јужна Кореја извести дека нема жртви и оти ги истражува причините за неуспешното лансирање.

Сеул и Вашингтон спроведоа повеќе заеднички вежби, вклучително и лансирање на проектили, како одговор на вчерашното севернокорејско ансирање балистичка ракета со среден дострел што го прелета јапонското копно.