Отказите, објавени од компанијата во вторникот, главно ќе влијаат на нејзината канцеларија во Калифорнија. Тие сочинуваат околу 2% од нејзината работна сила во Северна Америка.
„Нетфликс“ објасни дека губењето на работните места се должи на падот на приходите на компанијата. Стриминг-сервисот се бори со егзодус на гледачи оваа година.
„Овие промени првенствено се водени од деловните потреби, а не од индивидуалните перформанси, што ги прави особено тешки бидејќи никој од нас не сака да се збогува со толку одлични колеги“, се наведува во соопштението на компанијата.
Не е откриено кои делови од бизнисот ќе претрпат загуба на работни места, но „Лос Анџелес тајмс“ објави дека регрутирање, комуникации како и одделот за содржина се засегнати.