October 17, 2021 23:12
Магазин

„Нетфликс” освои најмногу „Еми” награди

„Нетфликс” ги освои највредните статуетки на овогодишните „Еми” награди. Меѓу нив, британската серија за кралското сeмејство „Круна” (The Crown) е прогласена за најдобра драма, а „Гамбит на кралицата” (Queen’s Gambit) е најдобра мини-серија.

И двете ТВ-серии освоија по 11 награди.

Серијата „Тед Ласо” ги собра одличјата за најдобра комична серија, најдобар главен глумец во комична серија (Џејсон Судејкис), како и женска и машка споредна улога (Хана Вадингам и Брет Голдстејн). ТВ-серијата на стрим-платформата „Епл ТВ плус” освои вкупно седум „Еми” статуетки.

Оливија Колман и Џош О’Конор од „Круна” ги освоија телевизиски драмски награди за главни улоги. Колман и О’Конор ги глумеа кралицата Елизабета Втора и принцот Чарлс.

Кејт Винслет е прогласена за најдобра актерка, за мини-серијата „Кобилата од Исттаун” (Mare of Easttown), а Јуан Мекгрегор победи со улогата на моден дизајнер во „Халстон”.

AnimeTV Watch anime online, English anime online HD

4Anime: Royal Space Force: The Wings of Honneamise (Dub) anime episode Full online free at https://4anime.biz one piece 4anime

Website https://kissanime.mx: Watch Pokémon: The Uncut Story of Mewtwo's Origin (Dub) kissanime Episode Full kissanime boruto

WCOStream Watch anime online in high quality with english Subbed & Dubbed

Zeef: https://zeef.com/profile/gogoanimebe

Gitlab redox-os: https://gitlab.redox-os.org/animefreakws