February 3, 2023 14:11
Свет

Нетанјаху побара за 14 дена да се продолжи рокот за формирање влада

Мандатарот за формирање на новата израелска влада Бенјамин Нетанјаху денеска побара продолжување на рокот за формирање влада за 14 дена, а како причина го наведе застојот во договорот за улогите на коалициските партнери Ликуд, објави партијата.

Барањето беше упатено во писмо до израелскиот претседател Исак Херцог, кој му даде на Нетанјаху 28 дена да формира влада откако партијата Ликуд и нејзините екстремно десничарски партнери излегоа на гласање на 1 ноември, објави Ројтерс.

На изборите на 1 ноември, партијата Ликуд на Нетанјаху и нејзините екстремно десничарски коалициски партнери освоија 64 од 120 места во парламентот, мнозинство во однос на неговите противкандидати од левиот центар предводени од тогашниот премиер Јаир Лапид.

Тоа беа петти избори во последните четири години.