September 23, 2019 18:16
Свет

Нетанјаху за Иран: Не е време за разговори, туку за притисок

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ги повика денеска светските сили да не започнуваат дијалог со Иран, откако американскиот претседател Доналд најави можност за состанок со иранскиот колега со цел да се реши кризата околу нуклеарната програма на Техеран и воведените санкции.

– Не е време за разговор со Иран. Ова е време за зајакнување на притисокот врз Иран, истакна Нетанјаху на аеродром пред заминувањето за Лондон.

Изјавата на Нетанјаху е една од ретките која е спротивна со ставот на Трамп околу иранското нуклеарно прашање.

Трамп вчера остави отворена можност за состанок со иранскиот претседател Хасан Рохани на претстојното Генерално собрание на ОН во Њујорк.

– Се е можно. Тие би сакале да го решат својот проблем, нагласи Трамп.

Техеран ја отфрли можноста за преговори со Вашингтон доколку Трамп не се откаже од санкциите кои воведе по повлекувањето од иранскиот нуклеарен договор, за што беше против и Нетанјаху.

Иран соопшти дека од утре ќе почне со развј на центрифугите со цел да се забрза збогатувањето ураниум, што е уште еден чекор кон непочитување на обврските од договорот постигнат со светските сили.

Нетанјаху ќе оствари средба во Лондон со британскиот премиер Борис Џонсон и американскиот министер за одбрана Марк Еспер.

Нови вести

Во Малта е постигнат привремен договор за распределување на мигрантите

Igor

Индија тврди дека Пакистан ги активирал камповите за екстремисти

Igor

Њујорк во знакот на заштитата на климата, самитот на ОН и демонстрациите

zane