Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ по секоја цена бараат предвремени парламентарни избори во надеж дека на тој начин ќе ја прикријат неспособноста и неработењето на нивните градоначалници, посочи потпретседателот на СДСМ, Стефан Богоев во гостување во емисијата „Утрински брифинг”.
Тој изрази жалење, што и покрај повикот на претседателот Ковачевски како премиер на партиципативно раководење, конструктивна вклученост и на опозицијата, од ВМРО – ДПМНЕ како најголема опозициска партија повторно излегуваат со уценувања и условувања.
Не слушаме предлози за енергетската криза, имаше предлог градоначалниците во Скопје и градоначалничката Данела Арсовска да помогнат, но не помогнаа, не слушаме предлози за надминување на здравствената криза, а за Бугарија и за темата и преговорите кои што се одвиваат во моментот, слушаме едно во јавност додека бугарската делегација не е тука, а кога доаѓа бугарската делегација и се сретнува со Христијан Мицкоски слушаме еден поприлично омекнат тон, нагласи Потпретседателот на СДСМ Стефан Богоев при гостувањето во „Утрински брифинг”.