November 26, 2020 05:30
Спорт

Нема преселба за МЗТ Скопје во првата АБА лига

Македонскиот кошаркарски првак МЗТ Скопје Аеродром и во новата сезона ќе игра во второто по ранг регионално натпреварување АБА 2 лигата. Надежта дека МЗТ Скопје ќе го заземе местото на  словенечката екипа Приморска која најави банкрот порад финансиски проблеми ги разреши денеска раководството на регионалното натпреварување.

Со објавата на двојките за првото коло со кое ќе почне новата сезона најавена за 2 октомври, е потврден настапот на Приморска во првото по ранг регионално натпреаврување. Првото коло ќе се игра од 2 до 5 октомври, а ќе се сретнат:

ФМП-Копер Приморска, Игокеа-Мега, Будуќност-Сплит, Партизан-Борац, Задар-Морнар, Цедевита Олимпија-Крка и Цибона-Црвена звезда.