June 19, 2019 01:31
Македонија

Нема лекови на Хематологија за тешко болни пациенти

Нема лекови на тешко боли пациенти на хематологија, дознава 24 инфо.. Вчера и утрово неколкумина пациенти со тешки болести на крвта и леукемии и нивни блиски се јавија во нашата редакција со тврдење дека на клииката нема лек „хидроксиуреа“ и „тромборедуктин“ веќе десетина дена. Дел од нив се без терапија веќе неколку денови иако нивни блиски тврдат дека без терапија не смеат да бидат ниту еден ден. Директорката на Клиниката за хематологија Ирина Пановска- Ставридис за 24 инфо потврди дека лекови нема.

-Тендерот е при крај, треба да поминат уште два дена за да истече законскиот рок за да можат да се повлечат лековите. Состојбата не е толку алармантна и два дена да не се напијат лек- вели директорката. Според неа лекови треба да има до петок, но не кажа конкретно кои лекови треба да стигнат до петок.

Пациентите се во паника. Велат дека дел од нив имаат многу тешки дијагнози и дека веќе една недела се без таблети.

– Мајка ми е на „тромборедуктин“ веќе две години. Има тромбоцитопенија, зголемен број на тромбоцити во крвта. Ако не го пие лекот може да добие мозочен или срцев удар во секој момент- вели Анета, ќерка на пациентка на хематологија.

Валентина Ангеловска

Нови вести

Усвоен нов, поефикасен и поевтин систем за заштита од град

Filip

ЛДП менува пратеничко за министерско место

Filip

Амбасадорот Филипов назначен за координатор на експертската група за трговски марки

Filip